Лорен Скот, во јавноста позната како девојка на популарниот фронтмен на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, извршила самоубиство. Како што пренесуваат американските медиуми, 47-годишната Скот се обесила во својот стан во Менхетен.
Телото на Скот го пронашол нејзиниот асистент и иако се уште нема официјална причина за причините за смртта, медиумите известуваат дека станува збор за самоубиство.
Лорен Скот е дизајнерка која во модниот свет почна да се пробива во 2006-та година кога ја создаде првата колекција. Таа беше во врска со Мик Џегер уште од 2001 година. Веста за смртта на Скот, Џегер ја дознал во Австралија каде се наоѓа во моментов заедно со останатите членови на бендот.