Актерката Пола Патон и пејачот Робин Тик се разведуваат по 9 години брак.
Еден од причините е сигурно неговото постојано флертување со други жени.
„Засекогаш ќе се сакаме и ќе бидеме пријатели, но заедничкиот одлучивме дека е време да се разведеме“, рекла Пола за американските медиуми.
Оваа одлука не беше некое изненадување со оглед на постојаното флертување на Робин со другите жени. Пример за неговото непримерно однесување беше настапот со Мајли Сајрус на доделувањето на MTV наградите.
Актерката Пола Патон на крајот од минатата година блескаше на премиерата на својот филм ‘Baggage Claim’, а тогаш нејзиниот сопруг не ја пуштил од рака.
37-годишната актерка е мајка на 4-годишен син, а таа и Робин се заедно уште од средношколските денови кога тој имал 15, а таа 14 години. Парот се венчал во 2005 година по што поминале цели 15 години заеднички живот.