На бракот му дадоа втора шанса, но ни овој пат не траеше…
Славната актерка Памела Андерсон и Рик Саломон се разведуваат по втор пат. Како што пренесуваат американските медиуми, Памела предала документи за развод само по неколку месеци брак.
Парот веќе еднаш беше во брак во 2007-мата година и траеше пет месеци.
Пред неколку месеци Рик и Памела повторно се венчаа во Монтаж хотелот во Беверли Хилс.
„Многу сме среќни. Нашите семејства исто така се среќни за нас што е многу важно“, рекла актерката.
Рик е одличен покераш кој за време на вториот брак со Памела освоил 2,8 милиони долари на покер турнир. Освен тоа, познат е и по секс снимката со Парис Хилтон.