Се раздели најконтроверзната двојка во Холивуд

Ѕвездата на „Green Mile“, Даг Хачинсон и неговата тинејџерка сопруга Кортни Студен, после две и пол годишен брак се разделија. Нивната заедничка појава отсекогаш го будеше интересот кај јавноста, но сепак, 19-годината Кортни решила да стави крај на бракот со 53-годишниот сопруг.

Според пишувањата американските портали, крајот на нивната врска започнал кога таа влегла во реалното шоу „Big Brother“, каде флертувала со 25-годишниот Марио Фалконе, а откако излегла од шоуто се однесувала посамостојно и постојано сакала да излегува и да се забавува како и секоја тинејџерка. Истите извори навеле дека 52-годишниот актер е скршен заради нивното разделување, а според фотографиите од забавата за Ноќта на вештерките која ја организирала Кортни, неа, и не и е до толку лошо.

Колку за потсетување, Кортни се омажи со Даг кога имаше само 16 години, а тој 51.

- Реклама -