Се расплеткува случајот „грабеж во НЛБ“

Трезорист од НЛБ е првообвинет во случајот „грабеж во НЛБ“ кој во два наврати украл вкупна сума од 2,5 милиони швајцарски франци и 645 илјади евра од банкарскиот трезор.

Тој денес пред Судот во Скопје признал дека крадел пари бидејќи бил во долгови и дека ненамерно вовлекол уште четворица соучесници во целиот случај. Првообвинетиот во случајот се извини на банката, на соработниците, на вмешаните кои ги изгубиле работните места, како и на семејството за нанесениот срам.

На прашањето каде се украдените пари, обвинетиот не одговорил ништо, ниту пак одговориле неговиот брат (кој е второобвинет во случајот), ниту одбраната. Во истиов случај се вмешани уште две лица, кои пред Судот ја признаа вината, но првообвинетиот бара да бидат ослободени од кривичното дело, бидејќи во истото биле вмешани несвесно.

Обвинителството води и втор процес против уште четири лица, кои според доказите се вмешани во овој случај, но не го признаваат делото.

- Реклама -