Се прошета на плажа со накит, вреден колку цела куќа

Сопругата на Вејн Руни – Колин беше забележана на плажа во Барбадос со накит во вредност од 800 000 фунти.

Семејството Руни е на одмор во Барбадос, каде внимателно ги следат британските медиуми.

28-годишната Колин носи обетки за 400 000 фунти, ѓердан, нараквица и венчален прстен. Сè е во вкупна вредност од над 760 000 фунти.

Малку се луѓето кои би отишле на плажа, носејќи еквивалент на цела куќа по себе. Но, ако вашиот маж заработува 300 000 фунти неделно, тоа не е ништо посебно.

Стив Бенет, златар и основач на Genuine Gemstone Company, вели дека накитот на г-ѓа Руни е со квалитетни и добро избрани вредни камења.

- Реклама -