Се продава станот од „50 нијанси на сиво“

Стан во зграда Ескала во Чикаго во моментов е еден од најозборуваните на пазарот за недвижнини.

Ова е домот во кој живее херојот од „50 нијанси сива” Кристијан Греј. Во овој дом, тој ја заведува убавата студентка Анастасија. Станот се наоѓа на последниот кат на луксузната зграда.

Од него има прекрасен поглед кон Чикаго.

Тој има една спална соба, две купатила и вкупна површина од 93 квадратни метри.

Од излегувањето на книгата во 2011 година зградата е нешто како туристичка атракција.

Од лифтот се влегува директно во домот. Во зградата има базен, спа центар и фитнес. Сепак, може да бидете разочарани, бидејќи во домот нема „црвена соба” – таа е уметнички додадена во книгата.

g1(48) g2(46) g3(49) g4(50) g5(47) g6(40) g7(35) g8(33) g9(29)

 

- Реклама -