Се потсети на своите почетоци: Поминаа 30 години од тогаш!

Познатата манекенка беше една од најуспешните во светот на модата, а сега на Твитер се присети на своите почетоци.

Синди Крафорд, која има 47 години, на својот профил на Твитер се присети на средношколските денови кога ја започна манекенската кариера. Имаше само 16 години кога во 1982 година прв пат се појави во моден магазин.

sk

„Мојата прва насловна, додека бев средношколка во ДеКалб. Позирав во задниот двор на моето момче и верувајте ми кога ќе ви кажам дека не знаев каде ќе ме одведе оваа фотографија“, напишала Синди.

skk

Освен оваа, Синди објави и фотографии од модните писти. Иако по средно училиште добила стипендија за студирање хемиско инженерство набрзо се откажала и влегла во модата. Се чини дека направила добра одлука.

ssk

Денес Синди е мажена за Ранд Гербер, поранешен модел, со кој има две деца, синот Пресли Волкер и ќерката Каи Џордан.

Cindy+Crawford+Family+John+Varvatos+Event+SmrD8KPlFO8l

- Реклама -