Се посрамоти пред поранешниот и стана хит на интернет!

Многумина ѝ замерија дека требаше само да го прочита името правилно, но ни тоа не успеа да го направи правилно.
Ѕвездата на шоуто „Keeping Up With the Kardashians“, Кендал Џенер се посрамоти на овогодинешното доделување на BIllboard наградите бидејќи погрешно го прочита името на бендот кој требаше да го најави на сцената. Наместо „5 Seconds of Summer“, Кендал ги најавила One Direction.

18-годишната девојка се обидела да се „извлече“ со хумор, но ни тоа сосема не ѝ успеало. „Луѓе, читањето никако не ми оди“, рекла таа во смеа, но било видливо дека ѝ е многу непријатно.

View image on Twitter

Можеби уште понепријатно ѝ било бидејќи се посрамотила пред поранешниот дечко. Всушност, Кендал кратко време беше во врска со член од бендот One Direction, Хари Стилес.

View image on Twitter

- Реклама -