Младата актерка се појави на црвениот килим на доделувањето на Environmental Media Awards во друштво на нејзиниот брат.
Девојката на боксерот Владимир Кличко, Хајден Панетиере позираше на црвениот килим во прегратката на брат и, а сите очи беа вперени на нејзината рака на која е сместен свршеничкиот прстен со 6 каратни дијаманти.
24-годишната Хајден неодамна откри дека нејзиното момче по 4-годишна врска ја запросило.
Но, целата приказна за прстенот падна во вода поради една недозволива грешка на актерката. Многумина ја забележаа и нејзината дупка на чипкастата кошула која го уништи целиот елегантен впечаток на актерката.