Ќерката на Клинт Извуд и братот на Џонах Хил се венчале во Лас Вегас, но бракот нема да потрае затоа што Франческа побарала поништување на истиот.
20-годишната Франческа Извуд се омажила за музичкиот менаџер Џордан Фелдстен пред 20 дена, но дека овој брак било грешка се покажало и предходно и се очекувало.
Тоа било „брак на брзинка“ во капела во која ги венчал имитатор на Елвис Присли, но младата убавица се покајала и сега бара поништување од својот 35-годишен сопруг.
„Таа зажали за одлуката во истиот момент. Се видовме наредниот ден и не го носеше венчалниот прстен“, откри извор за TMZ.
Додека Франческа одма се покајала, нејзиниот славен татко неодамна се разведе од својата долгогодишна сопруга Дина. 83- годишната актерска легенда во моментов е во врска со Ериса Томлинсон-Фишер. Неговата помлада ќерка тек сега ќе стане интересна за медиумите…