Актерката Кејли Куоко очигледно била решена да ја започне новата година со нов живот, а тоа го докажува и нејзиниот брак со тенисерот Рајан Светингом кој се случил на првиот ден од 2014-та година, како што беше планирано.
Ѕвездата од серијата “Биг Бенг Теорија“ ја организирала својата свадба во Санта Сузана, Калифорнија, а на свадбатта присуствувале 150 гости.
Кејли одлучила да не носи традиционална бела венчаница, туку розев фустан кој го шиел познатата дизајнерка за венчаници Вера Ванг.
Актерката и тенисерот се верија во септември по само три месеци врска.