Српската пејачка Гога Секулиќ и бизнисменот Игор Рамовиќ вчера се венчаа во белградскиот хотел „Хајат“.
Иако фолкерката зборуваше дека Светлана Цеца Ражнатовиќ ќе ѝ биде кума, таа, сепак, се откажала од кумството.
Секулиќ ги сподели впечатоците од најважниот ден во својот живот со фановите на „Фејсбук“.
„Уште малку. Имам голема трема затоа што денеска е најубавиот ден во мојот живот! Среќна сум“, напишала Гога.