Клои Карадшиан отворено зборува за тоа колку тешко ја поднесува разделбата од Ламар Одом и признава дека чуствува голема тегобност и аксиозност.
„Се кријам дома затоа што ми е страв од луѓето“, рекла Клои Кардашиан во најавата за новата епизода ‘Keeping Up With Kardashians’. Оваа 29-годишна ѕвезда и нејзиниот сопруг се разделија предходно годинава, а таа била во солзи за време на интервјуто, известува Hello Magazine.
„Морам да продолжам со својот живот, а тоа бара голема промена“, рекла Клои. Парот се распаднал по гласините за неговата зависност и прељуба. И покрај разделбата, се чини дека славното семејство и понатаму е во контакт со Ламар, кој контактира со Ким и Кортни. „Би направил сѐ за да ме примите назад. Вие сте ми сѐ“, рекол Ламар на сестрите на Клои.
Клои и Ламар не се единствените кои моментално поминуваат низ тежок период. Мајката на Клои, Крис Џенер, и таткото Брус Џенер исто така повеќе не живеат заедно. Објавата за нивната разделба ги вознемири сестрите Кардашиан. „Подобро функционираме како пријатели, отколку на друг начин“, објаснила Крис.