Во каналот Студенчишта кој се влева во Охридското Езеро потонал брод од којшто се излеала нафта која веќе е стигната до езерото.
Според сведоци, сношти сè било во ред, а утрово била забележана нафтената дамка, што укажува на тоа дека инцидентот се случил во текот на ноќта.
Потонат е бродот „Мис Стон“, а од надлежните служби уште никој нема излезено на терен.