Три недели по раскинот, папараците ги фатиле заедно.
Само три недели по раскинот на веридбата, Кели Брук и Дејвид Меклнтон биле видени заедно. Двојката е видена како заедно оди на вечера, а потоа ја поминале ноќта заедно во неговиот дом во Лос Анџелес. Потоа, тие заедно појадувале, и Кели си заминала, пишува Daily Mail.
Потсетуваме дека пред неколку недели Кели на Твитер објави дека нивната врска е завршена, а причината за тоа е допишувањето на Дејвид со Сара Харпер, која тврдела дека тој неколку пат ја има изневерено Брук со неа.