Турскиот суд обвини 53 лица за трговија и употреба на опојна дрога, а меѓу нив се најдоа познатите турски актери Кенан Имирзалиоглу (Езел) и Риза Коџаоглу (Саваш).
Актерот Кенан или Езел е обвинет дека обезбедил место за складирање и конзумирање дрога, а истата ја конзумирал заедно со актерите Енгин Алтан Дузјатан, Мурат Јилдирим и Риза Коџаоглу во својот дом.
Помеѓу обвинетите е и Кенан Имирзалиоглу и Мурат Јилдирим, познат по улогата на Саваш Балдар во серијата Љубов и казна, и Демир во Аси за кој е побарана е затворска казна во висина од 6 до 17 години затвор поради “трговија со дрога” и “конзумирање или поседување дрога”.
Првото судење е закажано за 21, 22 и 23 мај во Кривичниот суд во Истанбул.