Необично е за Сара Џесика Паркер да зборува за нејзиниот 16-годишен брак со сопругот Метју Бродерик, но во интервјуто кое го даде за познатиот магазин „Harper’s Bazaar“ ѕвездата од серијата „Sex And The City“ целосно се отвори.
46-годишната актерка зборуваше за бескрајната љубов која таа ја чувствува кон 51-годишниот актер додека позираше во неколку спектакуларни фустани.
„Го сакам Метју. Наречете ме луда, но го сакам. Ние можеме единствено да бидеме само во бракот во кој веќе сме. Целосно сме посветени на нашето семејство и нашите приватни животи“, открива Паркер.
„Го сакам нашиот живот. Го обожавам фактот што тој е таткото на моите деца, и тој е причина за се останато што сакам во светот.“
Во продолжение погледнете ја гламурозната фотосесија на фамозната актерка која е доказ дека и во Холивуд постои искрена љубов.