Актерката Сара Џесика Паркер изјави дека Кери Бредшо (нејзиниот лик во „Сексот и градот“) не би ги носела чевлите од нејзината линија, ако има трет дел на “Сексот и градот”.
„Таа не би носела мои чевли во филмот, бидејќи јас не постојам во нејзиниот свет “, изјави актерката пред сајтот Fashionista.
„Во светот на Кери Бредшо не постои Сара Џесика Паркер. Тоа е алтернативен универзум. Мислам дека тоа би било толку неетички и чудно, што не можам ни да замислам”, додаде ѕвездата.
Иако се уште нема официјална потврда дека ќе се снима трет дел на „Сексот и градот”, слични гласини започнаа да се шират, откако актерката на Твитер ја навести ваквата можност.
Сара Џесика Паркер ја објави првата линија на чевли во февруари оваа година, а во октомври ја претстави и својата втора колекција. Неодамна нејзините чевли добија награда за деби на годината.
Нивната цена се движи од 200 до 500 долари.