По раскинот со Џастин и хитот „The Heart Wants What It Wants“ многумина обожаватели се прашуваа дали некогаш Селена ќе биде онаа истата- еве го одговорот!
Убавата пејачка и актерка Селена Гомез продолжи понатаму со својот живот и најде нова причина за смеење.
22-годишната пејачка во последно време често се дружи со младиот музичар Зед.
Антот Заславски, познат под името Зед, е руско-германски диџеј кој на својот Инстаграм профил објавил слика од Селена насмеана од уво до уво.
Само неколку дена претходно Селена објавила слика на која исто така позира во друштво на познатиот музичар.
Со оглед на тоа што описот на фотографијата не дава многу информации, сите се прашуваат што ги поврзува младиот пар- пријателство или нешто повеќе?
Како и да е, Селена очигледно е среќна и насемана, и се чини дека нашла достојна замена на нејзиниот поранешен дечко Џастин Бибер.