Само таа го може тоа: Од софистицирана дама во лежерна девојка

Џесика Алба го има најдобриот стил на облекување според многу модни критичари и само таа во еден ден може да се транформира од софистицирана и гламурозна дама во лежерна девојка. 

32-годишната актерка е редовна гостинка на ревиите на Модната недела во Њујорк. Папараците и се постојано зад петици, но за мене тоа е радосна вест затоа што го обожавам нејзиниот стил. Вчера, актерката смени дури три комбинации.

Го почна денот со долка сукња во бебешка розова боја, црн џемпер и црни Holly Golightly очила за сонце. Славната мајка на две деца потоа се облече во посекојдневна гардероба – хеланки, џемпер и чизми за денот да го заврши во најопуштено издание – широки долги панталони, комотна рамбовка и лесни чевли.

Сите три комбинации и прилегаат совршено, нели?

Софистицирана дама спремна за ревија
- Реклама -