Само соблечи ги гаќите и улогата е твоја, ти направи нешто за мене и јас потоа ќе направам нешто за тебе… се само некои од речениците кои ѕвездите ги слушале.
Хелен Милер
„Мајкл Винер во 1964-та година ми кажа да прошетам и да се свртам накај него за подобро да ме види, како да сум манекенка на писта. Бев ужаснета и бесна како рис“, вели Хелен Милер. Режисерот ја негирал нејзината приказна и додал дека е нејзин голем обожавател и и се восхитува, но не ја терал да парадира пред него.
Шарлиз Терон
„Имав 19 години и само што почнував во светот на шоу-бизнисот кога еден режисер ме повика на аудиција. Чудно беше што аудицијата беше во сабота навечер во неговиот дом. Штом дојдов до куќата сфатив за што станува збор и му реков дека ја повикал погрешната девојка“, вели Шарлиз.
Гвинет Палтроу
„Една од моите први аудиции заврши исклучително непријатно. Бевме готови и режисерот ме повика со „аудицијата“ да продолжиме во неговата спална соба. Бев шокирана и си отидов, но сфаќам како некои девојки кои немаат врска во светот на филмот како што имам јас, мислат дека мораат да спијат со некои од нив или инаку нема да успеат“, вели Гвинет.
Сузан Сарандон
„Наместо да ги процени моите актерски способности, еден режисер ме турна во својата работна соба, ја затвори вратата и ме фрли на работната маса. Почна да се навалува на мене и сакаше секс. Тоа беше навистина грозно и не заврши задоволувачки ни за мене, а ни за него“, вели Сузан.
Кори Фелдман
„Кога имав 14 години бев опкружен со педофили. Ме допираа, удираа, сешто ми правеа и бараа од мене да се понижувам не секој можен начин. Дури кога пораснав сфатив што се случувало бидејќи сето тоа го гледав од перспектива на возрасен човек“, рекол Кори.
Мерилин Монро
Дека Мерилин спиела со кој и да треба за да успее во шоу-бизнисот, е најпознат холивудсни трач. Дури и самата Мерилин зборувала дека Тинселтаун, сленг за Холивуд, е всушност еден голем бордел. Позната е приказната кога платинестата дива сакала секс со режисерот Хаурд Хокс и била одбиена со иговор дека „Не е ништо посебно“.
Џуди Гарланд
Луис Б. Мајер, тогашен главен човек во MGM, ја нападнал Џуди Гарланд. ДОдека мислел дека никој не гледа, и ги допирал градите и и зборел да дише со полни гради и да пее „од срце“. Откако по четири години го трпела неговото пипкање, Џуди му се спротивставила и му рекла едноставно да и покаже каде да пее без да ја пипка, напишал во биографијата на актерката Жералд Кларк.
Меган Фокс
„Непријатни средби со водечки луѓе во Холивуд имав кога веќе се прославив. Ситуацијата во која запознавате некој постар, успешен човек, ѕвезда и се радувате на средбата, а на крај сè се сведува на тоа тој да ве малтретира и третира како парче месо бидејќи мисли дека тоа го може и сфаќате колку е кутар“, вели Меган.