Џон Крајер долго време ја играше една од главните улоги во популарната серија „Два и пол мажи“.
Првата епизода беше емитувана во септември 2003 година, а последната во февруари оваа година. За време на овие 12 години, колку што ја играше оваа улога Алан, Џон значајно се промени.
Крајер денес има 50 години. За многу кратко време по завршувањето на серијата, Алан драстично го промени својот имиџ, но и понатаму може да биде сметан за привлечен човек.
По завршувањето на серијата „Два и пол мажи“ Крајер напишал мемоари за своите работи кои му се случувале за време на триесетгодишната актерска кариера.
Тој во актерските води запловил многу млад, со оглед на тоа што неговите родители биле актери. Во едно интервју открил дека уште како мал „сакал да биде дел од волшебниот свет на актерите“.
Последната сцена од финалната епизода на „Два и пол мажи“.