Очигледно Салма Хајек и Пирс Броснан се поблиски пријатели отколку што мислевме.
Во моментов двајцата актери летуваат заедно на одмор на Хаваите. Имено, Селма е во придружба на нејзиниот сопруг – милијардерот Франсоа Анри Пино и нивната 7-годишна ќерка Валентина Палома, како и жената на Пирс – Кајли Шеј Смит и нивниот 14-годишен син Парис .
Неодамна двајцата стари пријатели се сретнаа на екранот за втор пат во драмата “How to Make Love Like an Englishman”, во која ги здружија силите и со ѕвездата Џесика Алба. Според медиумите, Хајек и нејзиното семејство дури се сместени во вилата на 62-годишниот екс Џејмс Бонд, кој со години поседува куќа на островот Кауај, што се смета за најубавиот од сите хавајски острови, поради бујната вегетација и песочните плажи.