Шакира во циркус би била човек од гума

Со цел да докаже дека е многу флексибилна, Колумбијката седнала на подот, ја кренала ногата и ја префрлила преку вратот. „Точката“ ја извела без ни најмалку мака и ги воодушевила сите.
Судии на талент шоуто  „The Voice“, прашувале кои се  вештините на славните,  со кои сметаат дека би можеле да работат во циркус. Ашер рекол дека би можел да биде добар кловн, бидејќи доста добро се глупира, а Адам Левин изјавил дека би можел да прерипува огнени кругови со мотор.

Шакира истакнала дека без проблем би можела да биде „човек од гума“, што е неизоставен дел од секоја циркуска претстава.  Точката ја извела без ни малку напор и со насмевка на лицето. Ги оставила без тест и судиите, но и фотографите.

http://youtu.be/krxKcfh4Kt8

- Реклама -