А сакаше да блесне: Ким Кардашијан исмеана поради фустанот на доделувањето на MTV наградите

За доделувањето на MTV видео музичките награди, реалити ѕвездата беше облечена во златен фустан на Balmain, кој пак беше инспирација на многумина за да ја споредат со различни ликови од серии и филмови.
Ким Кардашијан (32) дојде како поддршка на својот сопруг, раперот Канје Вест (38) на доделувањето на MTV VMA наградите. Старлетета на себе имаше долг Balmain фустан кој се врзува од напред и ги истакна нејзините бујни облини, кои сега се уште поголеми, со оглед на тоа што е бремена.

Изгледот на Ким во тој фустан ги инспирираше следбениците на Твитер да ја споредат со ликови како Пингвинот од „Бетмен“, кој го глумеше Дени Девито.

Старлетата некои ја споредија со Џаба да Хат од „Војна на ѕвездите“, но и со други ликови и животни.

Ким во едно интервју рече дека е чувствителна на критиките, и дека се „променила“ по бројните навреди за нејзиниот изглед во првата бременост. Како што таа вели, втората бременост ја поднесува полесно и ѝ се допаѓа како изгледа.

Screenshot_13 Screenshot_15 Screenshot_16 Screenshot_17 Screenshot_18

Screenshot_20 Screenshot_21

 

- Реклама -