Сакала да го бакне лавот

Тинејџерката Лорен Фаген од Монтреал се здобила со тешки повреди кога покушала да го бакне лавот низ решетките на кафезот.

Фаген се здобила со тешки повреди на ногата и стапалото, поради ота што лавот се обидел да ја вовлече во кафезот. Осумнаесетгодишната волонтерка во моментов се опоравува во болница, и е пресрќна што е жива.

“Незнаев дека може да ги провлече шепите низ решетките од кафезот. Можев да умрам или да ја изгубам ногата. Вистинско чудо е што преживеав. Ако канџите ми ги забиеше во бутот сигурно ќе искрварев до смрт.” – изјавила Фаген за The Global and Mail весникот.
slide_285241_2198152_free

Фаген била волонтерка која работела на чистење на кафезите на лавовите и хранење на животните во золошката градина. Нападот се случил кога петгодишниот лав по име Дума, го чешал лицето од решетките, кога таа се одлучила да го бакне за муцката.

Таа била спасена од страна на група студенти кои со викање и фрлање на предмети го натерале лавот да се повлече и откаже од неговиот плен!

- Реклама -