Таа предизвика лавина од коментари на Твитер откога објави ‘belfie’ од цврстиот задник по бременоста минатата година.‘
И откога беше фотографирана на плажа на Тајланд минатиот месец, покажувајќи го задникот заоблен повеќе од било кога, за Ким Кардашиан се вели дека има намера да го „пумпа“ задникот уште повеќе.
33-годишната реалити ѕвезда, која ја израснува својата 10-месечна ќерка Норт со нејзиниот вереник, раперот Канје Вест, наводно се чувствува „посекси“ како што и се зголемува задникот.
И покрај негирањето на пластична хирургија во минатото, старлетата наводно потрошила над 12,000 долари на инекции за зголемување на задникот.
Извор изјавил за списанието „Closer“: „Ким во последно време многу се фокусира на нејзиниот задник, тоа станува речиси опсесивно. Таа вели дека што поголем станува, толку посекси се чувствува.“
Но, опсесијата на Ким почнува да ги загрижува нејзините пријатели- тие мислат дека оди предалеку.
„Ким вели дека сака задник по кој „ќе ти паднат очите“ и секој ќе го забележи. Тоа е дел од нејзиниот бренд.“