Рускиот милијардер ја откачи Наоми Кемпбел за нејзина ученичка

Владислав Доронин ја остави 42-годишната Наоми заради учесничка во нејзиното реалити шоу „The Face“. Веднаш штом ја раскина нивната веридба, тој беше уловен во прегратките на Луо Зилин на која Наоми и беше ментор во програмата.

article-2335160-1A1C0ABA000005DC-2_634x601

„Доволно е да се каже дека Владимир и Луо се запознаа покрај Наоми. Луо направи мошне непрофесионален потег, а ниту однесувањето на рускиот милијардер не е соодветн0, изјавил извор за „Mail Online“.

Останатите учеснички на шоуто се исто така шокирани од однесувањето на нивната колешка, па така една од нив на својот Твитер профил напишала:

article-2335359-1A21C554000005DC-137_634x110

„Шокирана и згрозена сум од однесувањето на мојата колешка од тимот, Зилин. Никогаш не судете за книгата според корицата. Те сакам Наоми.“

article-2335160-1A207132000005DC-276_634x536

Луо цело време ја одрекуваше романсата со поранешниот свршеник на нејзината менторка, но сега во јавноста испливаа и фотографии на кои тие двајца се бакнуваат.

Секако, со Наоми нема шегување, па таа веднаш беше исфрлена од реалното шоу поради непрофесионализам.

- Реклама -