Русинка ги има најдолгите нозе- 106 см!

Сибирската убавица Анастасиа Страшевскаја е избрана за руска мисица со најдолги нозе со 106 см!

Страшевскаја (18) освоила вкупно 11.880 гласови на националниот натпревар во конкуренција од 55 други убавици. Со победата освоила 90 илјади рубли (околу 2.750 долари) и право на учество на натпреварот за мис на Русија 2014-та година.

Страшевскаја е родена на 29-ти мај 1995-та година во Кујбишеву, во областа Новосибир. Студира право. Ветила дека оваа победа и бројните понуди од модните агенции нема да ја спречат во учењето.

– Одсекогаш сум сакала да бидам адвокат. Под никои услови нема да го напуштам факултетот и сигурно ќе работам со граѓанско право- вели долгоногата русинка.

Димензиите на Анастасија се импресивни: висина 179 см, должината на нозете 106 см, тежина 52 килограми, обем на градите 82 см, струкот 58 см, и колкови 88 см.

– Семејството е гордо на мене. Оваа победа е како остварување на сон, но мојот живот продолжува- вели Страшевскаја.

- Реклама -