Мирисот на рум секогаш асоцира на топлина во домот сред зимските денови, како и на божиќни колачиња. А, кога ќе се стави во комбинација со чоколада и мелени лешници, знаете дека ве очекува слатка идила која ќе ви го разубави денот. Обојте го викендот со овие едноставни рум кугли, кои со сигурност ќе ви се допаднат.
Состојки:
– 150 г. чоколадо
– 50 г. масло
– 150 г. мешавина од мелени лешници и бадеми (или ф’стаци)
– 2 лажици рум + 2 лажици кафеав шеќер
– 2 лажици рум
Подготовка:
1. Чоколадото и путерот стопете ги на пареа, додадете ги мелените лешници и бадеми и добро промешајте.
2. Румот и шеќерот загрејте ги за шеќерот да се стопи, и оставете да се олади. Потоа, додадете ги во смесата со чоколадото и повторно промешајте. Додадете ги уште двете лажички рум, промешајте, и започнете со обликувањето.
3. Дел по дел смесата започнете да ја претварате во топчиња (кугли).
4. Куглите ставете ги во фрижидер на неколку часа да се стегнат. Извалкајте ги во какао, цимет или пак стопено чоколадо.
Уживајте во слатката магија!