Рудар починал по одрон на камења во „Тораница“

Рудар вчера бил тешко повреден при работа во рудникот „Тораница“, а како последица на повредите починал на пат кон болница.

– На ден 23.08.2018 во доцните вечерни часови, се случи природна катастрофа – одрон на камења во ископната јама на рудник „Тораница“ – Крива Паланка каде што, како резултат на овој несреќен случај, тешко беше повреден рудар во рудникот „Тораница’ – Крива Паланка кој како последица на сериозноста на повредата и видот на ранувањето нашиот вработен подлегна на повредите – информираат од „Минстрој“ А.Д. Софија и „Булмак 2016“ д.о.о.е.л. Пробиштип.

Се работи за 55-годишен рудар од село во Крива Паланка.

За случајот се известени надлежни институции и органи, кои се на лице место на несреќниот настан.

- Реклама -