Првата соработка меѓу ангелот на „Victoria’s Secret“, Рози Ханингтон – Вајтли и престижниот бренд за долна облека „Marks & Spencer“ се покажа како вистински успех чија продажба помина навистина фантастично. Совршената фигура на супермоделот во комбинација со префинетите секси парчиња се покажаа како полн погодок. Токму поради ова брендот одлучи да ја повтори соработката со Рози и за потребите на нивната нова колекција, која уште еднаш изобилува со прекрасни парчиња кои секоја девојка би посакала да бидат дел од нејзиниот ормар.