Топ тема во шпанските медиуми се уште е агресивното однесување и исклучивање на Роналдо на гостувањто на Реал Мадрид во Кордоба…
Португалецот за тој инцидент се извини и побара прошка за таа глупост која ја направи во Кордоба. Објаснил дека удирањето на противникот нема врска со провокациите на противникот, туку причините се од лична природа. Се разбира, шпанските медиуми веднаш тоа го поврзаа со неодамнешната разделба од неговата долгогодишна девојка, рукиот модел Ирина Шајк.
Роналдо призна дека не се чувствува најдобро ов емоционална смисла и дека тоа е причината за нервозните реакции. Се чини дека раскинот со убавата русинка му оставило трага на Роналдо. Но, некои аналитичари тврдат дека причините не се само од љубовна природа, туку повеќе матријална. Макетинг експертите велат дека Роналдо по раскинот со Ирина може да изгуби многу од приходите.
Вредноста на „брендот“ Роналдо се зголемила од 2011 до 2014 година со 24 милиони на дури 56 милиони евра. Експертите тврдат дека нема сомневање дека рускиот модел играла важна улога во полирање на имиџот на Роналдо и развојот на неговиот „бренд“.
Роналдо преку Ирина Шајк влезе во светот на модата и делумно преку неа добил нов број на обожаватели, а и медиумскиот третман на фудбалерот бил сосема поинаков ако го поврзуваат со славната и згодна манекенка.
По освојувањето на втората по ред Златна копачка, вредноста на „брендот“ Роналдо се зголеми на 60 милини евра. Времето ќе покаже дали и колку ќе му наштети раскинувањето на врската со убавата Ирина.