Со солзи радосници беше проследена средбата оддалеку меѓу момчињата од фудбалскиот тим од Тајланд и нивните родители. Сите деца се наоѓаат во карантин, бидејќи нивното здравје мора да биде следено од лекари.
Тие повеќе од две недели беа заробени во пештера во Тајланд, но по тридневната спасувачка акција, конечно се надвор. Родителите ги видоа низ болничките стакла, што е најблизок контакт со нив во последните денови. Докторите сметаат дека децата се премногу слаби и чувствителни и дека директен контакт со надворешната средина може да предизвика инфекции.
Момчињата им се заблагодарија јавно на сите кои им помогнале да излезат на површината со традиционален тајландски поздрав – споени дланки.