Иако заработуваат милиони, поранешниот фудбалер не дозволува неговите деца да се „опуштат“ и да бидат разгалени.
Дејвид Бекам во едно интервју откри дека тој и Викторија се строги кон децата и дека од мали ги учат да ги почитуваат вредностите.
– Син ми Бруклин има 16 години и работи во едно кафуле во Лондон, со цел да заработи пари за патиките што сака да ги има- рекол Дејвид.
Оваа информација е многу интересна со оглед на тоа што Бекам потпиша договор со „Адидас“ во 2003 година, кога титулата „ амбасадор на Адидас“ му донее 160,8 милиони фунти.
Дејвид призна дека мора Бруклин да го донесе до локацијата на која што синот имал закажано состанок со една девојка.
– Викторија ме замоли да го направам тоа, иако се чувствував глупаво. Но, воопшто нема да се чувствувам така кога ќе ја носам мојата ќерка Харпер- додал Дејвид Бекам.