На 22 декември е закажан судскиот процес за случајот „Таргет-Тврдина“ предводен од СЈО, во кој се обвинети вкупно 12 лица.
Меѓу обвинетите се и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, како и Горан Грујевски и Никола Бошковски, по кои се водеше и меѓународна потерница, пред да бидат уапсени и приведени во Грција.
Се товарат дека преку злоупотреба на опремата во УБК прислушувале илјадници граѓани и за да ги прикријат трагите од следењето на комуникациите потоа ги уништиле системите за прислушување.
Еден од обвинетите, чиј идентитет не се соопштува, веќе призна вина и е осуден на условна казна затвор.