Атрактивниот Роби Вилијамс стравува дека ќе ја загуби својата убавина поради годините, па конечно проговори за своите стравови.
Тој неодамна направи трансплантација на косата,а сега најави дека следната година ( ќе наполни 40 години) ќе започне со повеќе пластични операции.
Познатиот музичар призна дека се плаши дека со годините ќе му избледи атрактивниот изглед. Но Роби не планира да се предаде без борба. Следната година, кога ќе наполни 40 години, почнува со пластични операции.
„ Се ќе направам. Ќе одам на липосукција, подмладување на лицето, а можеби ќе ја корегирам и брадата“, изјави за британски „Thе Sun“.
Тој додава и дека сосема го променува досегашниот начин на живот.
„Не пушам веќе три кутии цигари дневно, одам да спијам порано. Се променив и физички и психички“, рече пеачот.