Пејачот Роби Вилијамс отсекогаш е сметан за вистински „шоумен“, но овој пат можеби малку претера кога во живо го пренесувал породувањето на својата сопруга.
За работите да бидат уште полоши, додека објавувал бизарни слики, Роби се обидел со својата песна „Candy“ да ја располжи својата сопруга, на која ни малку не ѝ било до смеење, бидејќи во тој момент се борела со силни породилни болки. Но, набрзо видел дека тоа не е најпаметен потег и брзо ја изгасил камерата.
Набрзо потоа тие станале горди родители на нивниот новороден син. Тој потоа направил уште едно видео каде вели: „Никогаш не сум бил повеќе заљубен, и никогаш не сум бил погорд на мојата сопруга. Таа беше апсолутно неверојатна“.
Роби и Ајда се во брак од 2010 година, а имаат и ќерка Теодора Роуз.
Честитки до среќното семејство!