Освен по она што е познат на милионската публика ширум светот, Роберт Патисон е познат по уште нешто. Не толку пријана работа.
Колегите од снимањето на „Самрак Сага“, збореле за тоа како актерот смрди, а тој и самиот призна дека не ја мие косата и по шест недели.
Сепак, некои работи се менуваат.
– Порано само би ги измил забите и би се истуширал набрзина. За мојата промена можеби влијаеше мојата соработка со Диор, а можеби е само прашање тоа што сум постар, но почнав да ја користам водата повеќе. Тоа е голема промена во мојот живот- нагласил актерот познат и по таканаречениот кошаркарски стил на облекување.