Роберт ДеНиро го посвети филмот на својот геј-татко

Оскаровецот Роберт ДеНиро, снимил документарец кој го посветил на својот татко, кој ја напуштил неговата мајка и него уште кога актерот бил дете.
„Имав само три години кога моите родители се разведоа. Мојот татко не сакаше да живее во лага, па ѝ признал на мајка ми дека сака мажи“, кажал ДеНиро во својот филм. Овој документарец е прикажан на Санденс филмскиот фестивал, откако актерот чекал повеќе од 30 години за да ја открие семејната тајна.

„Денес е многу тешко да се биде геј. Замилете само колку му било тешко да се справи со тој товар, кога тоа беше табу тема“, изјавил Роберт на црвениот тепих.

Прочитајте и:  Несоодветни и непристојни прашања кои родителите на дете единец често ги добиваат

Robert De Niro (Foto: AFP)

Тој додаде дека и дека филмот го снимил поради децата, за да можат да можат да го запознаат својот дедо и да бидат горди на него.

Таткото на ДеНиро починал во 1993 година од рак на белите дробови, а актерот во повеќе наврати изјавил дека му простил што ги напуштил.

- Реклама -