Роберт Дауни Џуниор и неговата сопруга, продуцентката Сузан Дауни ја споделија тајната на успешниот брак и на професионалните односи.
Холивудскиот актер и филмската продуцентка во моментов очекуваат второ дете заедно.Сопружниците позираа за новиот број на магазинот The Hollywood Reporter, каде во интервју раскажаа што се случува зад завесата, односно во нивниот приватен живот.
49-годишниот Рамбо и 40-годишната госпоѓа Дауни неодамна направија заедничка продукциска компанија наречена Team Downey, а наскоро во кината ќе се појави и нивниот прв заеднички проект „The Judge”.
Роберт раскажува дека нивната врска е изградена врз принципот „спротивностите се привлекуваат”. Жена му отсекогаш била совршена. Таа има високо академско образование и целиот свој живот не испушила дури ниту една цигара.
Дауни пак е познат како дивото дете на Холивуд, има апсења и проблеми со алкохолот и дрогата зад себе.
Двајцата се среќаваат на сетот на научнофантастичниот филм „Гот” во 2003 година, а стапуваат во брак во 2005 година. Во тоа време тој е чист и трезен, а Сузан му помага да остане таков и до денес.
Таа тврди дека уште од првиот момент знаела дека тој е вистинскиот човек за неа, бидејќи е забавен, интересен, полн со страст и прилично чуден. Таа вели: „Зависноста беше толку туѓа за мене. Бев неверојатно неука за темата со дрогата. Пред да го сретнам бев многу фокусирана на работа и немав желба да создавам семејство. Не мислев за деца. И тогаш се појави тој како креативно торнадо во мојот живот што со лудата и убава енергија целосно ме промени. ”
Тој пак ја фали жена велејќи: „Таа е човекот кој секогаш го знае вистинскиот пат од точка А до точка Б”