Роберт Дауни Џуниор ќе го снима својот прв албум

Веќе има снимето неколку песни, а оние кои ги слушнале велат дека има подобар глас од многу познати пејачи.
– Едвај чекам да излезе и публиката да го чуе, па да можам да почнам со настапи во живо, изјавил познатиот актер Роберт Дауни Џуниор (48).

По неговиот дует со Стинг “Driven To Tears” кој стана интернет хит, Дауни продолжува со пеење. Актерот веќе 14 години е пријател со Стинг, кој од неодамна му станал ментор, а му пишува и песни и го подучува во пеењето.

- Реклама -