Роб Лоу: Ја откри најмрачната тајна на Џастин Бибер!

Кога ќе помислиме на најмрачната тајна на Џастин Бибер, сешто ни паѓа на ум почнувајќи од стриптиз клубовите, бурниот ноќен живот, но вистината ја откри никој друг, туку Роб Лоу.

Како гостин на емисијата на Опра, актерот откри дека најмрачната тајна на Бибер е дека неговите фанови не се грижат многу за неговата музика.

– Тој прави навистина добра музика, навистина, но мислам дека и тој е свесен за оваа мрачна тајна, а тоа е дена 80% од неговите фанови баш им е гајле што тој создава. Тој тоа го знае и тоа го доведува до лудило. Нив ги интересира со кого се забавува, кого е*** и кој му ***** и да врискаат кога ќе го видат. Сето тоа за жал нема никаква врска со она што него го прави уметник. Тој е само некој кој стои пред толпа која поминува низ пубертет, сето тоа е одлично, но факт е дека ако не е тој- ќе биде некој друг, како што некогаш бев и јас- изјавил актерот.

Што фановите ќе кажат на ова, останува да видиме.

- Реклама -