Рита Ора се пофали со освежениот изглед

Пејачката Рита Ора, неодамна уживаше во престојот во екслузивната клиника во Австрија „Viva Mayr“, во која едно ноќевање чини околу 1500 фунти. Здраствениот центар нуди една од најдобрите програми за слабеење во светот, која можат да си ја дозволат само оние со навистина длабок џеб.

Ора на нејзините фанови на Твитер им порача дека се чувствува како нова личност. Пејачката воедно објавила фотографија на која позира во високи „Шанел“ чизми над колената. Веднаш потоа таа ја додала и сликата на која носи црни ракавици и златен „Шанел“ часовник.

- Реклама -