Ова сигурно ќе биде успешна година за младата пејачка.
Пејачката Рита Ора ќе стане заштитно лице на модната линија на Мадона „Material Girl“ која ја има со својата ќерка Лурдес од 2010 година. Наводно неа ја избрала 16-годишната Лурдес откако била на нејзин концерт.
„Мадона и Рита се сретнаа минатата недела на Мет Гала во Њујорк и договорија соработка. Мадона е одушевена од неа, а Рита е инаку голем фан на поп пејачката“, навел непознат извор.
Младата пејачка се надева дека ова ќе и помогне да го освои американскиот пазар, на кој се уште не е толку популарна како на британскиот.
Соработката наводно е „тешка“ половина милион фунти.