Рита Ора изгледа посекси од било кога во новата рекламна кампања на Роберто Кавали.23-годишната пејачка ги открива нозете на една од фотографиите од рекламната кампања инспирирана од Мерлин Монро.
На друга фотографија таа е со раскопчана јакна, откривајќи го нејзиното тело.
Рита позира со дел од моделите на дизајнерот во егзотичната колекција за сезоната есен-зима 2014/2015.
Скапиот накит ја дополнува новата колекција со метални високи потпетици и чанти Regina.
Ора веќе ги направи првите чекори и во актерството со улога во новиот филм „50 нијанси сива”. Рекламната кампања за Кавали е снимена од фотографот на “Вог “Франческо Кароцини во Њујорк.