Пејачката Рита Ора, чии родители се Албанци од Косово, овие денови со семејството престојува во Црна Гора.
Судејќи според фотографиите што ги објавува на Твитер, Ора престојувала во Будва, а сега е во Улцињ.
По опуштањето на плажа, младата пејачка се забавува во ноќните клубови, а според изјавите на тамошните обожаватели, ретко кој ја препознава во публиката, што на пејачката многу и одговара.