Ријана го продолжува имиџот на „лоша девојка“, особено во аутфитот со кој пристигна во Австралија.
Настрана од фактот што на концертот доцнеше речиси час и половина, таа се симна од авионот во необичен готски стил. Имено, освен целокупната црна гардероба, таа носеше црна марама на главата, темен кармин и темни очила, а како капак на се, каиш за куче околу вратот.
Со оглед на тоа што Рири е позната по нејзините бизарни комбинации кои не ретко стануваат моден тренд, се поставува прашањето: Дали и оваа глупост кога-тогаш ќе стане хит?