68-годишниот актер и неговата сопруга Алехандра го очекуваат своето прво дете.
Секој од нив веќе има по едно дете од претходните бракови. Парот е заедно веќе три години.
Вестите, кои започнаа како гласини пред неколку недели, веќе се потврдени од извори блиски до телевизијата Еј-Би-Си.
На својот профил на Инстаграм, Алехандра Силва ја честиташе тригодишнината од врската и трите месеци од свадбата со Гир.
– Денеска се навршуваат три месеци од еден многу посебен момент во нашиот живот, момент во кој се радувавме не само да ја споделиме среќата од нашата меѓусебна љубов со роднините и пријателите, а и затоа што имавме можност да ги изразиме нашите стремежи за иднината. Стремежите да го претвориме нашиот духовен пат во суштината на заедничкиот живот. Да си помагаме на патот кон просветлување, сочувството, великодушноста, трпението, напорите, концентрацијата и мудроста кон другиот – напиша Алехандра.